Кога?
ПОЧЕТОК ВО 20:00
Каде?
Билети
ПРИСУСТВО ВО ЖИВО
(вклучувајќи 2 КПУ за Етика)
Секоја одлука остава ехо. Изборите што ги правиме — но и оние што избираме да не ги направиме — ги обликуваат резултатите, носат последици и го одредуваат патот по кој продолжуваме.
Надоврзувајќи се на долгогодишната и успешна соработка, Здружението за внатрешни ревизори на Република Северна Македонија (ЗВРСМ) и Институтот за овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ) и оваа година ги здружуваат силите да ги обединат професионалците од областа на внатрешната и надворешната ревизија, управувањето со ризици, усогласеност со прописи и регулатива, сметководството и сродните професии во рамки на Меѓународната конференција за ревизија 2026.
Во инспиративниот амбиент на Охридското Езеро, во Хотел Метропол, овогодинешната конференција ќе отвори актуелни теми од областа на ИТ безбедноста, човечкиот капитал, ревизијата, ризиците, усогласеноста и етиката, презентирани од реномирани меѓународни и домашни предавачи и искусни професионалци.
Придружете ни се на уште едно незаборавно конференциско искуство — можност за стекнување нови знаења и перспективи, размена на искуства, проширување на вашата професионална мрежа и поврзување со колеги во уникатно опкружување.
Обезбедете го вашето место навреме и бидете дел од искуство каде што се споделуваат идеи, се создаваат нови професионални врски, а секоја одлука може да остави трајно ехо.
Важно известување: Крајниот рок за регистрација е 10 септември 2026 година!
Предавачи на конференцијата
БИЛЈАНА СЕКУЛОВСКА
CIA, CFCS
Претседател на Здружението за внатрешни ревизори на Република Северна Македонија
М-р. НЕНАД ТОРТЕВСКИ
Претседател на Институтот за Овластени ревизори на Република Северна Македонија – ИОРРСМ
ЈАН АНИСИМОВИЧ
Директор за ефикасност и иновации, C&F SA
Полска
ЏЕНИФЕР ВИЛСОН
Експерт во областа на ризиците, усогласеноста, ревизијата и регулативата
САД | Албанија
НЕБОЈША ШКРБИНА
CISA, CISM, CDPSE, C)PTE, C|CT, C|TIA, eJPT
IT ревизор, Халкбанка АД Скопје
Др. МАТЕЈ ДРАШЧЕК
Претседател на
Институтот за внатрешни ревизори на Словенија
Др. СНЕЖАНА ХРИСТОВА
Декан на Факултетот за деловна економија и организациони науки,
Универзитет Американ Колеџ Скопје
ИВАНА ДОЈЧИНОВСКА СТОЈАНОВИЌ
HR консултантка и кариерна советничка,
Пруденс Консалтинг, Скопје
БИЛЈАНА ШТРБАЦ
Когнитивно-бихејвиорален психотерапевт
Северна Македонија
Проф. д-р МАЈА КУЗМАНОВСКА
Професор на
Бизнис академија Смилевски БАС, Битола
АМИНА ИДРИЗИ
Директор на дирекција за човечки ресурси,
Шпаркасе Банка АД Скопје
Лулзим Адили, M.D., M.Sc., CBCC
Стратег за лидерство и организациски развој
Автор на SPARK™ – рамка за бихејвиорална комуникација
PRIMAL CPD – Center for Professional Development
Северна Македонија
АЛЕКСАНДРА ТАСЕВА
Раководител на Секторот за внатрешна ревизија во
Стопанска банка АД – Скопје,
членка на НБГ Групацијата
МАГДАЛЕНА ХРИСТОВА
Регионален финансиски директор во Nelt,
Северна Македонија
м-р ИГОР МИТЕВСКИ
CA, CPA
Директор во KPMG,
Северна Македонија
ЕРАЛД БЕЖАНИ
CIDA
Претседател на
Институтот за внатрешни ревизори на
Албанија
АРДИЈАНА БУЊАКУ
Експерт за стратешко лидерство и управување,
Косово
ДЕЈАН ЈОВАНОВСКИ
Менаџер за уверување во областа на ризици и технологија,
PwC, Северна Македонија
GABRIEL JACKSON
CSCS, EP-C
Тренер за здравје и благосостојба,
Основач на Jackson Fitness,
САД | Северна Македонија
АГЕНДА
Јан Анисимович | “Трагачи по изгубената усогласеност“: Како Индијана Џонс пристапува кон усогласеноста и управувањето со ризиците поврзани со трети страни ” | PL
Небојша Шкрбина | “Зајакнување на дигиталниот идентитет” | NMK
Џенифер Вилсон | “Ревизорите и AI: Балансот на ефективната употреба” | USA / Albania
Човечки капитал: јазот помеѓу очекувањата и реалноста
Снежана Христова - Модератор | MK
Ивана Дојчиновска Стојановиќ - Панелист | MK
Билјана Штрбац - Панелист | MK
Maja Кузмановска - Панелист | MK
Амина Идризи - Панелист | MK
Ненад Тортевски - Панелист | MK
Лулзим Адили | “Љубопитност пред заклучоци-Примена на SPARK- за подобро размислување, поставување прашања и одговарање “| NMK
Ерве Глоаген | “Усогласеност (Compliance): Зошто е важна и како се ревидира? Сеопфатен преглед на функцијата и процесите за усогласеност” | FR
Од правила кон вредности: Нов поглед кон етиката
Александра Тасева - Модератор | MK
Магдалена Христова - Панелист | MK
Игор Митевски - Панелист | MK
Дејан Јовановски - Панелист | MK
Ералд Бежани - Панелист | ALB
Ардиана Буњаку - Панелист | KS
Габриел Џексон | “REWIRED: Како да го репрограмирате вашиот мозок” | USA & MK
СМЕСТУВАЊЕ
Хотел Белви – Метропол Охрид
Посетете ја веб-страницата на хотелот ↗
Организаторот на конференцијата има резервирано ограничен број соби за учесниците на конференцијата во Хотел Белви – Метропол Охрид, по следните цени:
Важни информации
- Ве молиме резервирајте го вашиот престој пред 1 септември на sales@metropol-ohrid.com.mk или на телефон +389 (0)46 203 001.
- При резервација по е-пошта, ве молиме во насловот (subject) на пораката наведете: „Конференција за ревизори 2026“, за вашата резервација да биде евидентирана во рамки на резервираниот број соби за конференцијата.
- Доплатата за ручек за учесниците на конференцијата кои не се сместени во Хотел Метропол / Белви изнесува 980 МКД по лице. Плаќањето се врши на рецепција пред ручекот, со платежна картичка или во готово.
ПАРТНЕРИ НА
КОНФЕРЕНЦИЈАТА
Платинум Спонзор
Златен Спонзор
Сребрен спонзор
Спонзор Поддржувач